Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а е финансиран од Европската Унија и ќе трае од 01.09.2020 до 31.08.2023. Тој има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование.

Освен програмата за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија, како дел од проектот ќе се спроведат и кампањи за подигање на свеста и промовирање на важноста на инклузивното образование, подобрување на капацитетите на вработените во основните училишта за градење инклузивни образовни средини, подобрување на поддршката и пристапноста до и во училиштата за учениците со попреченост, и обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во образовниот процес.
OhridNews












