ЕВН Македонија додели нови стипендии за студенти од енергетските насоки на Факултетот за елктротехничка и информатичка технологија од Скопје и Техничкиот факултет од Битола. Во период од 10 месеци 2 студенти  кои се во предпоследна или последна студиска година на ФЕИТ и 1 студент во прва студиска година на Техничкиот факултет од Битола ќе добиваат стипендии во висина од 6 000 денари, и можност за посетување практична настава.

Со приклучувањето на студенти од Битоласкиот универзитет на големата листата на стипендисти кои ЕВН Македонија ги поддржува, сакаме да помогнеме во развојот на образовниот процес во земјава и подготвката на квалитетни кадри од енергетика на пазарот на трудот, изјави Игор Гиевски член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Со цел да се мотивираат младите да се образуваат и усовршуваат во енергетскиот сектор, а воедно и да се развие човечкиот капитал и неговиот квалитет, ЕВН Македонија две години по ред доделува стипендии на студенти од електротехничките факултети.

Годинава ЕВН Македонија во заедничкиот проект со ЕЛЕМ и МЕПСО додели 12 стипендии на студенти во прва студиска година на ФЕИТ. Минатата година пак 4 студенти во нивниот образовен процес ја добија подршката на ЕВН. Студентите се стекнаа и со практично искуство во компанијат, а за успешните кои го задржаа просекот од 8,00, стипендирањето продолжи и оваа година. 

OhridNews