Бранителот Николче Стисниоски е неизвесен за дерби пресметката на “Билјанини Извори“ викендов во рамките на деветатта рунда од второлигашката конкуренција. Стисниоски се повреди во финишот на мечот против Еуромилк по што ја напушти играта, а на негово место шанса доби Мурџоски.


Дефанзивецот кој е дел од последната четворка на Трифуноски, ги одигра сите осум натпревари за охридскиот лигаш, а го постигна и победничкиот гол на мечот со Цементарница кој Охрид Лоте го доби со 3-2.

Дерби пресметката викендов ќе биде и натпревар меѓу новајлиите во Втората лига. По осумте одиграни рунди Охрид Лоте се наоѓа на шестата позција со 13 освоени бода, додека два повеќе на третата позција има Тиквеш.

OhridNews