Фудбалската легенда на Ливерпул, Стивен Џерард започнува ново поглавје во животот, откако беше промовиран за нов менаџер на Глазгов Ренџерс. Џерард со „полицијаците“ потпиша договор до 2022 година.

Некогашниот англиски репрезентативец кој кариерата како тренер ја започна во младинските категории во Ливерпул на клупата од Глазгов го наследи Грем Мурти кој доби отказ после убедливиот пораз 5-0 во дербито со Селтик.

Џерард по промовирањето веднаш за асистент го повика поранешниот соиграч Гери Мекалистер, кој е роден шкотланѓанец, но нема настапувано ниту за Глазгов, ниту за Селтик.

Промоцијата на Џерард пред просториите на клубот ја проследија илјадници навивачи, а популарниот „Стиви џи“ ќе има задача да го симне Селтик од врвот кој го предводи поранешниот менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс.

OhridNews