Стивен Џерард се врати на Енфилд, но не да игра фудбал, туку на помладите дечиња во академијата да му го пренесува акумулираното искуство во текот на 20 годишната кариера.


Некогашниот капитен на „црвените“ кој има вкупно 710 настапи за екипата на Ливерпул се враќа онаму каде што и тој започна да игра фудбал.

– Ова го чувствувам како комплетирање на кругот, враќање на местото каде што професионално се започна. Но, одлуката не е базирана на емоции, туку на желбата да се помогне на Ливерпул. Не треба да објаснувам што овој тим ми значи, но кога знаев дека кам-бекот беше вистинска опција, сакав да имам улога во која ќе можам да работам. – рече Џерард.


Џерард по заминувањето од Ливерпул продолжи во Америка, односно во тимот на Лос Анџелес каде што и ја заврши професионалната фудбалска кариера.

OhridNews