Охридскиот боксер Наум Стојаноски, изминатиот викенд како единствен претставник од боксерскиот клуб “Алексо Огненовски“, заедно со својот тренер Владимир Цекиќ, настапија на силниот меѓународен меморијален турнир “Великани лозничког бокса”.

Во конкуренција на осум боксерски земји, Наум во финалето ги одмери силите со домашниот боксер Бојан Васиќ од кој беше поразен по една сомнителна судиска одлука, велат од клубот.

Во првата рунда Наум задаваше силни и прецизни директни удари со што целосно го издоминира противникот Васиќ. Во втората и третата рунда неможејќи да ја издржи борбата гради во гради противникот почна премногу да се наведнува, правејќи опасно движење со главата од каде задаваше мавтачки удари. Ринговниот судија остана нем на таквите прекршоци штитејќи го домашниот боксер од јавна опомена со што му овозможи на крај и да ја однесе победата. На крајот охридскиот табор мораше да се помири со второто место и пехарот за најборбен боксер на турнирот, соопшти БК „Алексо Огненовски“.

Следниот настап на охридските боксери е во Ниш на 30 ноември на меморијалниот турнир „Дан витезова“.

OhridNews