Охридските ракометари под водство на тренерот Раде Стојановиќ означија старт на зимските подготовки за натпреварите во плејофот, кои следуваат на пролет во Супер лигата. Од таборот на Охрид не си замина никој, а ново име е Михајло Младеновиќ. Новиот ракометар и голманот Никола Даниловски на екипата ќе и се приклучат после завршување на Светското првенство во Египет.

Првите денови од подготовките ќе ги искористиме да влеземе во ритам, а потоа ќе стартуваме по планот за работа. На почеток ќе работиме по два пати на ден, потоа по еднаш. – изјавија од клубот.

„Гладијаторите“ во текот на подготовките ќе одиграат пет или шест контролни натпревари. Термините се одредени, но се уште не се дефинирани противниците.

Ракометниот клуб Охрид во плејофот ќе се натпреварува со Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел, Пролет, Струга и Еурофарм Пелистер 2.

Мечевите во ракометна Македонија ќе стартуваат на 7 март.

Мх.П.