Атлетската репрезентација на Македонија финишираше на седмата позиција на Европското тимско првенство од третата лига кое се одржа изминатиов викенд на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„Црвено жолтата“ атлетска експедиција имаше успешни резултати а во најдобрите се истакна членот на охридскиот атлетски клуб Јован Стојоски. Тој триумфираше во спринтерските дисциплини 100 метри и 200 метри со личен рекорд односно државен рекорд. Добриот настап го заокружи со бронзен медал на 400 метри со национален рекорд до 23 години.

Останатите атлетичари не се закитија со одличје, но во добро светло се претставија пред публиката во Скопје и придонесоа за искачување на Македонија на седмото место.

Првата позиција и припадна на исландската селекција со 430 бодови а веднаш зад неа со три поени помалку заврши Србија. Третоппласирана финишираше Босна и Херцеговина.

OhridNews