Македонскиот ракометен првак Вардар силите во 1/2 финалето од завршниот турнир во Лигата на Шампиони ќе ги одмери со Барселона. Шпанскиот ракометен гигант е најголем фаворит од четирите екипи кои се дел од Ф4, но Вардар со елиминацијата на Пик Сегед покажа дека не смее во никој случај да се отпише или потцени.

  • Искрено, немав некоја желба пред ждрепката и не ми менуваше кој противник ќе го добиевме. Сите ривали се квалитетни и не` случајно се дел од овој турнир. Можам да кажам дека Барселона е фаворит, но ние покажавме дека сме најопасни кога некој ќе отпише или потцени. – изјави капитенот на Вардар, Стоилов.

Барселона во фазата по групи два пати го совлада Вардар, а стратегот на „црвено црните“ Гарсија Парондо се надева на трета среќа против шпанскиот состав.

  • Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на Ф4 турнирот. И не само поради квалитеот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта се пласиравме на Ф4 турнирот. Сега нема што да згубиме, одиме да играме и да се надеваме на добра резултат. Барселона има добра екипа. Тоа го знаеме сите. Вардар ќе се подготвува максимално за овој настап. – истакна Парондо.

Дуелот помеѓу Барселона – Вардар и вториот полуфинален меч Киелце – Веспрем ќе се одиграат на 1 јуни. Големото финале ќе се одигра на 2 јуни во Келн.

OhridNews