– Прво да им честитам на моите соиграчи кои го оставија срцето на теренот. Сосема заслужена победа над Металург и сега јавно сакам да им се заблогадарам за тоа што ни го отворија патот во Лигата на Шампиони. Со желбата за победа и начинот на игра докажавме дека натпреварот Вардар – Металург претставува најголемо ракометно дерби на Балканот – рече репрезентативецот Стоилов.
Вардар во Лигата на Шампиони ќе има исклучително тешка задача да го повтори и надмине успехот на тимот на Металург, кој стигна до 1/4 финалето во најквалитетното европско натпреварување.
Стоилов : “Му благодарам на Металург што ни го отвори патот во ЛШ“
02.06.13 22:53
Вардар ПРО како шампион на Македонија ќе игра директно во групната фаза од Лигата на Шампинои без претходни квалификации. Најголема заслуга за тоа има нивниот лут ривал Металург, кој последниве две години бележеше одлични резултати во ЛШ.

Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










