Сите репрезентативци констатираа дека мечот со Хрватска е најслабиот кој Македонија го има одиграно на Европско првенство. „Црвено жолтите“ претрпеа пораз со десет погодоци разлика во првиот меч од втората фаза.


– Во текот на мечот неможам да објаснам што се случи, но мотивиција не недостасуваше. Изгледаше како да сме се откажале, а не беше така. Горевме од желба да им се одмаздиме за поразот на Мундијалот во Катар, но испадна многу полошо. Имаме ден одмор, после ќе работиме напорно да им се оддолжиме на навивачите и на самите себеси за лошата престава. – рече Стојанче Стоилов.

Македонија вториот меч во втората фаза на ЕП го игра во понеделник (18:15ч) против селекцијата на Норвешка.

 

OhridNews