Финансиската криза и заминувањето на Даинис Кристопанс и Павел Атман го засена натпреварот на Вардар против Мотор Запорожје во 12-та рунда од Лигата на Шампиони. „Вардарци“, не можат да се фокусираат на своите обврски поради проблемите кои го разнишаа клубот. Не третманот се пожали и капитенот Стојанче Стоилов кој два пати во последниве три сезони го креваше трофејот во ЛШ.

  • Се наоѓаме во тешка ситуација, не очекува тежок натпревар. Не знаеме што ќе се случува понатаму. Ова може да биде еден од последните натпревари. Не може никој да ги обвини играчите што заминаа. Ние сме европски шампиони, а односот кон нас е смешен, никој ништо не ни кажува. – изјави Стоилов.

Тој додаде дека ќе остане до крај без разлика дали и колку ракометари ќе заимнат поради финансиските проблеми. На Вардар потребна му е победа во трката за прогрес во осминафиналето.

Молба преку социјалните мрежи до фановите на Вардар упати рускиот ракометар Тимур Дибиров, кој побара навивачите да дојдат во што поголем број и да го бодрат клубот в сабота против украинскиот состав.

OhridNews