– Ако некој пред шампионатот ни понудеше меч за петто место со две раце ќе го прифатевме, но сега по серијата несреќни порази по малку сме разочарани што не се квалификуваме за полуфиналето. Сепак пресреќни сме што стигнавме до овде и ќе направиме се да гo добиеме последниот натпревар и да ги израдуваме нашите фанови – истакна Стоилов.
Стоилов со 21 постигнат гол е втор стрелец во македонскиот тим, зад неприкосновениот Кире Лазаров кој 53 пати ги “бушеш“ противничките мрежи.