Ракометарите на Вардар имаа се што е потребно за триумф над Барселона, но на крајот „Јане Сандански“ го напуштија со наведнати глави.
Каталонците со дискутабилните одлуки од судиите се вратија во игра и го освоија целиот плен во дербито на колото во Лигата на Шампиони.
– Со наши грешки Барселона се врати во игра, а со чудни судиски одлуки ни беше одземена победата. Целосно имавме контрола на играта и резултатот се до финишот кога го разбранавме голманот на Барселона. Тие се искусна екипа ја искористија псилохошката предност во решавачкиот моменти и победија. Се надевам дека ќе научиме многу од овој меч и ќе имаме шанса да и реваншираме на Барселона на завршниот турнир во Келн. – рече Стојанче Стоилов.
По двата порази во дуелите со европскиот првак екипата на Вардар го загуби првото место во групата и сега се наоѓа на третата.
ЛШ : Европскиот првак му „избега“ од раце на Вардар
Лазаров : Го чекам Вардар на завршниот турнир во Келн
Фото : Екипа.мк
Ohridnews











