Здружението на граѓани „Богојавление“, утре треба да го официјализира изборот на новиот кум на празникот Водици за 2013 година. До здружението пристигнале повеќе апликации од заинтересирани граѓани, а како што дознава OhridNews, најголеми шанси му се даваат на охридскиот бизнисмен Стојан Ѓоргоски, сопственик на компанијата за сателитски антени „Зора“.

Инаку, „Богојавление“ неодамна упати официјална покана за кумство до претседателот на Русија Владимир Путин. Тоа, како што велат од здружението, било направено со цел да се афирмира идејата за централно одбележување на празникот Водици во Охрид во целото православие.

OhridNews