Коалицијата За подобра Македонија во Охрид води позитивна и конструктивна кампања, но за жал, граѓаните немаат можност да ја споредат понудата на политичките опоненти, бидејќи изостана медиумски дуел со кандидатите на владејачката коалиција, истакна носителот на кандидатската листа за советници проф. д-р Јован Стојаноски, на денеска одржаната прес конференција.

Реков дека уште на почетокот имавме намера, а мислам и дека сите кандидати на советничката листа го докажавме, а и нашиот кандидат за градоначалник тоа го докажуваше, дека сме спремини за една фер, позитивна и конструктивна кампања, која што би требало да се води во овој изборен циклус.Во тој контекст, бевме спремни да разговараме и со нашите политички противници, за идеи, за тоа како да го подобриме животот во градот Охрид. Меѓутоа, за жал, можеби таков беше и нивниот став, да не излегуваат на такви дуели, кои што не би требало да се сфатат и како претешки, туку едноставно да бидат сфатени како борба за идеи, разговор, за граѓаните да можат на таков начин да утврдат која политичка опција во моментов нуди подобри политички решенија.-изјави Стојаноски.

Тој истакна дека Сојузот за издината секогаш бил подготвен и излегувал пред граѓаните да ги презентира своите проекти и визии како го гледа и градот Охрид, и како ја гледа Република Македонија во наредниот четиригодишен период.
          
Стојаноски упати апел до политички опоненти, за фер и успешни избори.

-На 24 –ти март, нека победи, во спортскиот дух, да победи оној кој што е подобар. Да ги релаксираме граѓаните, затоа што според сите анкети, нивото на политичкиот разговор мораме да го подигнеме на повисоко ниво. Се чувствува незадоволство меѓу граѓаните за тоа како се однесуваме. Меѓутоа, јасна е ситуацијата и во градот, и во државата, кој ја има предноста во конструктивниот пристап, а кој ја има предноста во негативниот пристап во излагањата. Граѓаните се сосема свесни, си имаат своја политичка опција, и мислам дека ќе го наградат со политичка победа оној кој ја заслужува нивната доверба. Во секој случај, ние  посакуваме тоа да биде нашата политичка опција. Затоа и сме излезени на овој политички натпревар, а и секогаш, и после 25-ти март, сме спремни да разговараме со граѓаните за се она што не чинеше во овој изборен циклус.-рече проф. д-р Јован Стојаноски.

OhridNews