“Градежниците“ на домашен терен против Осогово имаат можност да прокнижат нови три бода во осмaта рунда од втората македонска фудбалска лига. Прва “свирка“ на Атина Бојаџи е кичевчанецот Стојаноски Марјан, помошници ќе му бидат сограѓанинот Грујоски Александар и Изеири Вјолца од Гостивар.


На клупата од Охрид Лоте ќе дебитира новиот тренер Сашо Велјановски. Натпреварот е закажан за в недела во 14 часот.

Мх.П.