Тенисот им е во крвта на охриѓаните Тања и Стојан Стојаноски кои годинава што изминува ја одбележаа со серија добри резултати. Обајцата се наоѓаат во самиот врв по постигнувањата во своите категории.


Тања Стојановска(14) со тенисот е од седмата година, а почетоците ги направи во тенискиот клуб “Охрид”. Покрај забележителните резултати досега 7 пати била првак на Македонија во тенис во различни категории, два пати играла во финале во дубл на Европски турнири во тенис до 14 години, има едно полуфинале до 16 години, како и пласман во четвртфинале во сингл на Европски турнир. На последниот турнир годинава – Мастерс до 16 години го освои 3 место, со што сумирајќи сите резултати би ја пласирало меѓу најдобрите три во Македонија.


Стојан Стојановски (12) во неодамна завршената тениска сезона, се закити си неколку први и втори на Првенствата на Македонија во тенис. На последните два турнири заврши на второто место, со што очекува по изготвените ранг-листи за Македонија, да биде во врвот во категоријата до 12 години.

М.П.