Настапот на офанзивниот крилен играч Митко Стојаноски за воведниот меч од првенството на Охрид Лоте е под знак прашање. Стојаноски го повреди скочниот зглоб, а по речи си недела дена им се врати на тренинзите.


Добив истегнување на лигаментите на скочниот зглоб и мирував подолго време, во моментов не сум 100 % фит но се се надевам до недела ке биде ок – вели Стојаноски.

На отварањето на пролетниот дел “градежниците“ гостуваат во Гостивар, кај Ринија. Во првиот дел Охрид Лоте со 2-0 ја совлада Ринија.

Стојаноски е еден од стандардните во составот на Трифуноски, во првиот дел од сезоната на два пати ја затресе противничката мрежа.

Ohridnews