По неочекувано вискоиот пораз од Еуромилк, охридските “градежници“ во прекуредното коло ги очекува мечот на домашен терен со уште еден аспирант за висок пласман Миравци.

– Одигравме меч за заборав во Скопје, кој веќе е зад нас.Фокусирани сме целосно на мечот со Миравци на кој се освен победа за нас би било неуспех. Ќе бидеме комплетни, и без разлика на високата позиција на нашиот противник табелата ќе атакуваме на триумф, кој ќе не извлече од опасната зона – вели капитенот Стојаноски.

Миравци со 29 бода се наоѓа на делба на втората позиција на табелата, а во првата рунда ја совлада Македонија ЃП со 2-0.

Натпреварот Охрид Лоте – Миравци се игра во вторник во 14 часот на “СРЦ Атина Бојаџи“.

М.П.