Тања Стојановска од ТК Охрид е државен првак на Македонија за тенисерки до 18 години.

Стојановски на Државното тениско првенство кое се одржа ТК “Ас“ во Скопје до титулата стигна со само еден загубен сет.

Таа во четвртфиналето ја совлада Марија Димитровска (6:0, 6:1), во полуфиналето Дорис Алексовска (6:1, 6:1), а во финалето ја победи Ивана Миновска (6:0, 6:7, 6:1).

Ohridnews