„Од здравствени причини се повлекувам од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Комонвелтот Австралија, како и од вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Македонија во Нов Зеланд, со седиште во Канбера“, се вели во соопштението на Стојановски.
Тој изрази очекување дека неговата одлука ќе наиде на целосно разбирање кај државното раководство на Република Македонија.
„Би сакал да истакнам дека сум благодарен за целосната доверба што ми беше дадена за извршување на оваа значајната и одговорна функција, како дипломатски претставник на Република Македонија во Австралија и Нов Зеланд. Сакам да изразам и мојата благодарност до целокупната македонска заедница во Австралија и Нов Зеланд кои во изминатиов период безрезервно и помагаа на македонската дипломатска мисија но и на мене лично како Амбасадор“, истакнува Стојановски.
Извор: „Макфакс“