Стојан Стојановски од ТК Охрид учествуваше на Отвореното тениско првенство на Македонија до 14 години во ТК “Славија“ во Охрид и го освои првото место, победувајќи ги во полуфиналето Марио Гештаковски (6:0, 7:5), а во финалето го победи Стефан Чаловски (6:2, 6:3).

Стојан Стојановски учествуваше и на тенискиот турнир организиран од Теннис Еуропе за млади тенисери до 16 години од цела Европа во Битола и во дубл со Денант Идризи од Швајцарија стигнаа до полуфиналето.