Најуспешниот маратонец во водите на Охридското езеро Бугаринот Петар Стојчев се пријави за учеството на “сребрениот“ јубилеј на Охридскиот пливачки маратон.


За маратонот кој в недела ќе се одржи по 25 пат досега се пријавиле дваесетина пливачи меѓу кои и деветкратниот победник Стојчев.

Тој како првопласиран на светската ранг листа доаѓа во Охрид, на трката која е последна во годинешната Гран при серија.

М.П.