Деветe победи во седумнаесетe обиди и трите втори места на подиумот го прават Петар Стојчев најуспешниот маратонец на најпрестижната спортска манифестација во Македонија, Охридскиот Пливачки Маратон.


Серијата победи ја започна во 2001 година, по четири години минати на пиедесталот краток прекин имаше во 2005 година кога во Охрид победи французионот Жил Ронди. Од 2006 година наваму се тече по видено сценарио според кое Стојчев се искачува на највисокото место, а се менуваат само второ и третопласираните.  Дебитирал во 1993 година, на вториот пливачки маратон по возобновувањето, а токму тој маратон му го сменал животот.

Поради маратонот во Охрид, се откажав од пливањето во базен и му пристапив на маратонското пливање. На маратонот во 1993 беше моето прво учество, тогаш го освоив второто место, но бев многу задоволен од тоа што го видов и бев сигурен дека повеќе сакам да пливам маратони на отворено отколку во базен. Овај маратон многу ми помогна да се одлучан по кој пат да одам, а се гледа дека во последните десет години сум еден од најдобрите светски маратонски пливачи.  Трката во Охрид е најубава во светот, тука е се добро подготвено и подредено на манифестацијата –  вели најуспешниот маратонец кој девет години по ред го освојува светскиот куп.


Стојчев цели кон десетката но и покрај тоа што е  апослутен победник, тој не го поседува рекордот на 30 км долгата патека “Климе Савин“ кој е во сопственост на Словенецот Игор Мајцен постигнат во 2000 – та година, на 14 изадание на  маратонот.

 Не ми недостига тоа што не сум рекордер на патеката, маратонското пливање нема рекорди, секоја трка е сама за себе , и најважно е да победиш без разлика дали тоа ќе биде со минута, две. Во Охрид за да се постигне рекорд треба многу работи да се поклопат, се зависи од доброто време или добриот ветар кој во голема мера го диктира темпото. Дали ќе е мирно езерото дали ќе има бранови, се се тоа параметри кои го даваат крајниот резултат, така што не зависи многу од пливачот туку и од сите околности, но во секој случај најглавно во маратонот е да победиш на трката без разлика на времето. – истакна Стојчев.

Покрај победите на трката во Охрид, бугарскиот маратонец е единствениот спортист кој е одликуван од тројца македонски претседатели. По Борис Трајковски и Бранко Црвенкоски за победите на 23 и 24 издание ловоровиот венец од рацете на Ѓорѓе Иванов завршуваше на главата на Стојчев.

Преседателот ми честита на победата, а јас му се заблагодарив на неговото пристутво овде во Охрид – вели Стојчев.

Но, и ако не бил одлилуван тој го памети првиот македонски претседател кој прв ја започна традицијата да биде покровител на најголемата спортска манифестација во Македонија.

– Го паметам Киро Глигоров на мојот прв настап но тогаш не победив и не добива награда, –  се присеќава Стојчев

Охрид го смета за свој втор дом, тука ја започнал маратонската кариера и тука ќе ја заврши. – Секогаш доаѓам во Охрид со желба да победам, но најважно е за мене е тоа што уживам во убавните на охридското езеро, еден ден кога ќе завршам со маратонското пливање овде ќе биде мојата последна трка  – завршува Стојчев.