Пред очите на единасеткратниот првак на Охридскиот пливачки маратон Петар Стојчев, Аксел Рејмонд го сруши рекордот на Бугаринот и го подобри за нецели десет минути. Новиот рекорд изнесува (5, 09, 54, 95) додека стариот на Стојчев изнесуваше (5, 19, 30, 35), кој оваа година беше во улога на тренер на Томи Стефаноски.
– Го поздравувам победникот на овогодинешниот Охридски пливачки маратон и му честитам за новиот рекорд. Се ми се чини дека трката е скратена во однос на другите години кога јас пливав тука – рече Стојчев.
Причината за неуспехот на Томи Стефаноски да се искачи на пиедесталот, Стојчев го гледа во последниот половина час од трката.
– Направивме се да триумфираме на денешниот маратон, но брановите во финишот беа големи и беше тешко да се бориш против нив – заврши Стојчев.
Мх.П.