Рекордниот победник на Охридскиот пливачки маратон Петар Стојчев по 20 пат ќе плива во водите на Охридското Езеро. Стојчев во досегашните 19 настапи забележа 10 победи.


– Посакувам со победа се опростам од Охрид. На првиот мој настап во 1992 година завршив како втор, па не би имал ништо против повторно да завршам со место на пиедесталот. Годинава немав многу настапи на маратоните, бидејќи се подготвував за настапот на Олимписките игри. Сепка овој маратон ми е омилен и секогаш со задоволство настапувам овде – вели Стојчев.

Стојчев е единствениот спортист кој бил наградуван од сите македонски претседатели , кои по традиција се покровители на Охридксиот пливачки маратон.

М.П.