Напаѓачот Ацо Стојков е најновото засилување во редовите на македонскиот првак Вардар. Стојков “го фати последниот воз“ од преодниот рок, а на тимот ќе му се приклучи на подготовките во Анталија.

– „Стојков ќе патува со тимот во Анталија, но право за настап ќе има веднаш штом се добие сертификатот од Иран. Тоа може да претставува мал проблем, но ние искрено се надеваме дека ќе го имаме на располагање од самиот старт на пролетната сезона“ – рече за “Екипа.мк“ претседателот на Вардар, Горан Митев.

Стојков има одиграно 41 натпревар за македонската репрезентација, а само пет пати ја тресеше противничкат мрежа.

Стојков во тандем со Пандев заминаа од Беласица во младинската школа на Интер, но Пандев во целост ја искористи својата шанса, додека Стојков никогаш не успеа да го покаже својот талент.

ohridnews