Драган Стојковиќ „Пикси“ и Синиша Михајловиќ отпаднаа од трката за селекторската позиција во Србија, која остана празна после заминување на Славољуб Муслин.

„Пикси“ нема намера да го раскини богатиот договор со кинескиот тим Гуангжу, иако беше дел од експедицијата на дуелот со Австрија во Виена.

Михајловиќ, кој веќе еднаш беше селектор води судски процес против Фудбалската федерација на Србија за неплатениот данок од 50 000 евра. Затоа, популарниот Миха веднаш отпадна од конкуренција.

Во потесниот круг од двајца фудбалски стручњаци кои ќе се тркаат за селекторската фотелја се Иван Јовановиќ кој го предводи тимот на АПОЕЛ и некогашниот тренер на Партизан, Александар Станојевиќ.

Како што пренесува Спорт Клуб, Станојевиќ воопшто не бил импресиониран од можноста да ја води Србија на Мундијалот во Русија и најверојатно одлуката ќе падне на 55-годишниот стратег Јовановиќ.

Улогата на селектор за контролните мечеви во ноември ќе ја презеде Ненад Крстајиќ кој ќе го објави списокот за дуелите со Кина и Јужна Кореја.

OhridNews