Во присуство на голем број гости и пријатели, приватната стоматолошка здравствена установа „Д-р Јолевски“, денеска на пригодeн начин со свечен коктел го прослави јубилејот 25 години од постоењето.
Основана на 1-ви март 1989 година, оваа здравствена установа во чии рамки функционираат амбуланти по општа и специјалистичка стоматологија, во континуитет на охриѓани им нуди здравствени услуги со врвен квалитет.
„Денеска одбележуваме еден значаен јубулеј, 25 години од основањето на нашата стоматолошка ординација. Од 1-ви март 1989 година па наваму, полека и континуирано се прошируваме. Започнавме со една ординација, а денес имаме три кои ги опслужува осумчлен медицински персонал и еден административен работник. Исто така ги следиме најновите технички и технолошки достигнувања во Европа и светот и постојано вложуваме во човечките ресурси, односно во надградба на знаењата и вештините на вработените.“ – вели специјалистот Д-р Љубо Јолевски, сопственик на ПЗУ „Д-р Јолевски“.
Ординацијата е опремена со модерна апаратура, ласер, дигитален рендген и друга современа опрема, а вработените во контуитет се дообразуваат и усовршуваат преку посета на домашни и меѓународни конгреси, семирани и курсеви.
„Со тоа, сите ние го надополнуваме знаењето. Покрај клиничката работа, ние пишуваме и објавуваме стручни и научни трудови во земјава и странство. До сега, имаме објавено преку 20 трудови на европските конгреси, на кои учестувавме активно.“ – додава Д-р Јолевски.
Основачот на оваа приватна здравствена установа, пензионираниот Д-р Мирослав Јолевски, специјалист и дологодишен стоматолог во Охрид, вели дека денешниот ден претставува голем јубулеј за него и неговото семејство.
„Мило ми е што синот ја продолжи успешно семејната традиција.“-вели Д-р Мирослав Јолевски.
Искусниот стоматолог додава дека за разлика од порано, денеска многу полесно се работи, алудирајќи на достигнувањата на современата медицина.
-Стоматолошката ординација Д-р Јолевски се опремува со сите техничко-технолошки апарати, односно е во чекор со науката и најновите светски достигнувања од областа на стоматологијата. Јас како долгогодишен искусен стоматолог се гордеам со мојот наследник и му честитам за тоа што го постигнува.“ – истакна д-р Мирослав Јолевски.
OhridNews












