Денес, сопствениците на стоматолошката ординација „Д-р Стоев“, Сашо и Марија Стоеви и вработените во ординацијата, донираа покуќнина, облека, храна и средства за лична хигиена, и играчки за потребите на самохраниот татко, Николчо Крстаноски кој со своите две малолетни деца живее во соба од трошна куќа во селото Велгошти.
Акцијата за помош на семејството Крстаноски се реализира со поддршка на општинскиот Црвен крст.