Спојот на искуство, професионализам, врвни услуги и општествена одговорност, преточени во заеднички проекти кои успешно ги реализираат веќе седум години, се заштитен знак на соработката на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“, во функција на грижа за здравјето на граѓаните во Охридско-струшкиот регион.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ постои од 2003, а аптеки „Виа Фарм“ од 2007 година. На 28 јануари 2012 година, пак, започна нивната заедничка успешна приказна.

Модернaта опрема и медицинска апаратура од најновата генерација, ласерски системи за безболен третман, рентген и компјутерска техника за прецизна дијагностика, изведувањето сложени стоматолошки зафати, примена на иновативни методи во работата и професионални естетски третмани, го издвојуваат стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од конкуренцијата.

Меѓународна потврда за квалитетот стигна во 2016 година на Европскиот форум за врвен квалитет и менаџмент, што се одржа во Кан, Франција, каде Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ доби високо признание за најдобра ординација „BEST HOSPITAL AWARD“. Тука се и бројни други признанија, лиценци и сертификати кои во континуитет ги добива центарот.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е и лидер во развојот на денталниот туризам, не само во регионот, туку и во земјата воопшто. Потврда на тоа е договорот за партнерство што минатата година најпознатиот стоматолошки бренд кај нас го склучи со британската компанија „KINGS MEDICAL“ со седиште во Лондон, која промовира здравствен туризам.

Дел од успехот на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е професионалниот тим од областа на општа стоматологија, протетика и орална хирургија, кој постојано се доедуцира и усовршува.

„Виа Фарм“, пак, со 9-те аптеки во Охридско-струшкиот регион е лидер во областа на фармацијата, но и повеќе од тоа. Ланецот аптеки „Виа Фарм“ има и најголема понуда на козметика и ортопедски помагала.

Аптеки „Виа Фарм“ ги следат современите текови. Од печат неодамна излезе 12 број на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ во издание на аптеки „Виа Фарм“, во соработка со стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, специјалната очна болница „Деница“ и ресторан „Виа Игнација“. Своите искуства и знаење тие несебично ги споделуваат заедно со еминентни имиња од областа на медицината, на четириесеттина страници исполнети со корисни совети и едукативни текстови.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ се препознатливи во јавноста и по бројните општествено корисни проекти како што е традиционалната акција „За посреќно детство“, што ја реализираат во соработка со Црвениот крст, потоа бројните хуманитарни акции за помош на ранливите категории граѓани и поддршката на образовни, спортски и културни настани.

Најновите информации од работата на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ редовно се присутни и на социјалните мрежи каде често на читателите им приредуваат изненадувања во вид на наградни игри.

Менаџерските тимови на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ кои успешно соработуваат веќе седум години, најавуваат нови заеднички проекти и во иднина, во функција на подобро здравје на клиентите и воопшто на граѓаните од регионот.

OhridNews