Членовите на Ракометниот клуб Енхалон од Струга го посетија Стоматолошкиот центар Др. Баткоски, кој е долгогодишен поддржувач на клубот и спортот воопшто покажувајќи исклучителна општествена одговороност како во оваа област така и во многу други полиња.

Ракометарите од струшкиот клуб имаа можност одблиску да се запознаат со работата и професионалноста во Стоматолошкиот центар Др. Баткоски, а на секој член му беше направен детален преглед.

– Со раширени раце Стоматолошкиот центар Др. Баткоски ја прифати нашата молба за помош донирајќи дресови и технички работи за клубот. РК Енхалон функционира од 2011 година, а работиме исклучиво со млади категории односно со деца од 7 до 16 години. Енхалон што во превод значи јагула е старото име на нашиот град Струга, а истото име го носи и нашиот клуб. – изјави тренерот Дејан Костески.

Стоматолошкиот центар Др. Баткоски кој е синоним за успех заедно со РК Енхалон ги прават идните планови вдахнувајќи им на младите љубов кон спортот преку кој тие се изградуваат како личности подготвени да го дадат својот максимум во општеството.

Следен предизвик на РК Енхалон и Др. Баткоски ќе бидат двата меѓународни турнири кои ќе се одржат од 22 до 24 јуни, односно на крајот од август и почетокот на септември месец.

OhridNews