Стоматолошката ординација „Денторија“ од Охрид прераснува во вистински бренд, кој на охриѓани веќе шест месеци им нуди врвни услуги по цени достапни за сечиј џеб. Препознатливи по инвазивниот начин работа, стерилноста, довербата кон пациентите, гаранција на услугите и единствени на пазарот за дентални импланти, „Денторија“ на еден начин поставува повисоки критериуми на стоматологијата во земјава.
Ординацијата која се наоѓа на улицата „Стив Наумов“ 49Б и е опремена по светски и европски стандарди, ја води д-р Ертан Омеров, дипломиран доктор по стоматологија кој своето високо образование го завршил на престижниот Истанбулски универзитет во Република Турција.
„Нашата ординација е прилично нова, а до сега сме презадоволни затоа што се издвојуваме како бренд. Во суштина, го пренесувам искуството кое го стекнав на еден од најреномираните универзитети во светот за стоматологија. Имам работено со многу пациенти, а сум меѓу ретките во земјава кој е имплантолог. Во Турција видов еден поинаков начин на работа, а сите тие светски стандарди ги пренесов токму тука во ординацијата во Охрид. Член сум на Европската и Светската естетска дентална академија од САД, каде редовно учествувам на нивните конгреси. Последниот сертификат го стекнав во Кан, Франција, за имплантите кои ние ги користиме. Во ординацијата работам со мојот брат, а се трудиме да бидеме конкурентни и препознатливи по нашите услуги.“ – вели Омеров.
Зад неговото портфолио се „кријат“ повеќе од 2500 поставени импланти и четири годишно искуство во оваа област. Иако повеќето стоматолози во земјава на поинаков начин гледаат кон имплантите, за овој комплексен процес потребно е големо искуство, опрема и макотрпна работа.
„Кај охриѓани постои интерес за имплантите, но се уште се бараат повеќе информации околу цената. Имаме доста пациенти од странство и се подготвуваме за развој на денталниот туризам од кој бенефит би имале сите. Најмногу барања за импланти имаме од граѓаните на 35-50 годишна возраст. Доколку имплантот е добро поставен, животниот век е загарантиран. Безболниот процесот трае околу 10 минути, а пациентот е под локална анестезија и не чувстува болка. Можеме да кажеме дека успешноста е на високо ниво, односно 95 отсто.“ – потенцира Омеров.
Стоматолошката ординација „Денторија“ е опремена со светски познати брендови, кој на пациентите им гарантираат врвна услуга. Стерилизацијата се врши на посебен начин, а секој инструмент е спакован и ставен во автоклав(најстерилниот инструмент во медицината). Она што д-р Омеров се обидува да го наметне во неговата ординација е психолошкото поврзување со пацинетот, за чија цел се користи премедикација.
„Во ординацијата имаме таков амбиент, што пациентите можат да се осеќаат како дома, односно го нема оној препознатлив мирис на болница. Нудиме бесплатно кафе за сите, а додека пациентите чекаат и им се дава премедикацијата, тие имаат можност да разгледуваат различни списанија или да гледаат телевизија. Внимание имаме посветено и на пушачите, за чии потреби имаме отворена просторија. Кога ќе заврши премедикацијата, фобијата едноставно исчезнува, а со пациентите градиме доверба.“ – вели Омеров.
Останатите услуги кои се нудат во стоматолошката ординација „Денторија“ се белеење на заби, CAD/CAM, бондирање, ламинати, чистење на забен камен, а при анестезија се користат најтенките карпу игли, кои вообичаено ги користат дијабетичарите. За секоја услуга се дава една годишна гаранција, додека 10 годишна гаранција важи за порцеланот.
„Белењето на забите претставува ефективна, сигурна и наједноставна метода за луѓе со потемни и обоени заби. Во последно време, белењето на заби зазема се поголем удел во стоматолошката пракса, па затоа и постои се поголемо усовршување на средствата. Па така белеењето е овозможено во стоматолошка ординација и во домашни услови, под надзор на стручно лице. Исто така работам на дентална естетска фотографија, при што изработувам слика од лицето на пациентот. Заедно ги разгледуваме очите, лицето и забите, кои ја градат естетската насмевка.“ – истакнува Омеров.
Една од новите услуги кои се нудат на пазарот, е ваѓање матични клетки од млечните заби на децата, при што се соработува со неколку реномирани компании од земјава. Меѓу новостите кои ги очекуваат охриѓани е и ботоксот, по теркот на светските трендови.
„Покрај ботоксот, планираме уште повеќе да се прошириме, а за брзо време ќе биде отворена уште ординација во Струга. Се надеваме дека во Охрид ќе почне да се развива денталниот туризам, за што имаме најави од институциите. На еден начин, се трудиме да го поткренеме нивото на стоматологијата во Македонија, а преку маркетингот се обидуваме да им бидеме подостапни на граѓаните.“ – додава Омеров.
Инаку, заштитни брендирани лица на Стоматолошката ординација „Денторија“ се познатиот охридски актер Никола Тодорски и пејачот Денис Мурат.
O.T.