Светската фудбалска федерација (ФИФА) има намера да му забрани на Нико Розберг да носи специјално дизајнирана кацига за трката на Големата награда на Германија.

Причина за реакцијата на ФИФА е што на кацигата на Розберг се наоѓа и трофејот кој му се доделува на светскиот шампион во фубал. Инаку, Светската куќа на фудбалот е многу ригорозна кога станува збор за употреба на официјалните симболи на СП.

 „Какво и да е неовластено користење на официјалните симболи, не само што го нарушува интегритетот на ФИФА и нејзиниот маркетинг, туку ги доведува во прашање и интересите на светскиот фудбал“, се наведува во правилникот на ФИФА.

Розберг со новата кацига сака да им оддаде признение на своите сонародници кои во неделата ја освоија светската титула на Мундијалот во Бразил.

Трката за Големата награда на Германија, на патеката во Хокенхајм ќе се вози в недела