„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават.

„Стоп за корупција“ на граничните премини Блато, Ќафасан и на царинските испостави Струга и Охрид. Стоп за корупцијата за повеќе пари за автопати, за болници и училишта. Стоп за корупцијата за фер конкуренција и подобрување на условите за бизнис. Пријави на 197. Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава!, порачуваат од Царинската управа.

Во рамки на кампањата на граничните премини се делат брошури преку кои ќе се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува корупцијата.

OhridNews