Тимот на Валенсија ги израдува како ретко сезонава своите навивачи победувајќи го лидерот на табелата Реал Мадрид со 2-1 во заостанатиот натпревар во шпанската Ла лига.


„Лилјаците“ со триумфот, но пред се со играта и желбата потсетија на најдобрите денови и во очај ги фрлија „кралевите“ кои со победнички низ допатуваа на мегдан на „Местаља“.

Двата фатални удари домаќините на гостите од Мадрид им зададоа во почетните минути од натпреварот. По само четири минути Валенсија поведе со голот на Заза, а пет минути подоцна Орелана го дуплираше водството. Реал Мадрид од крајот на првото полувреме намали преку Роналдо, но не успеа да се избори за позитивен резултат.


Разликата меѓу Реал Мадрид и Барселона остана еден бод, но „лос бланкос“ сега имаат меч помалку, а не два како претходно.

OhridNews