Судовите да прекинат со праксата на изрекување високи парични казни за клевета и навреда за новинарите и со донесувањето на одлуки во отсуство на обвинетиот новинар, побараа од ЗНМ на протестот пред Основниот суд 1 во Скопје, пренесува „Макфакс“.

Со транспаренти „Многу тужби, малку слобода“, „Селективна правда е најголема неправда“, „Охрабрете се, судете праведно“ припадниците на седмата сила го потсетија судот дека се тука да ги заштитат правата и слободата на граѓаните, но и слободата и правото на изразување.

„Сакаме да ги поддржиме судиите што одговорно си ја извршуваат функцијата и да ги повикаме другите да не изрекуваат високи отштети за клевета и навреда за да се умилкуваат кај политичарите. Туку да бидат европски судии и да судат според закон“, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

OhridNews
извор:„Макфакс“