Поради надградба на системот за картично работење, мрежата на картички, банкомати и ПОС терминали на Стопанска банка викендов не беа достапни за граѓаните.

-Овој краткотраен прекин поради подобрување и надградба на перформансите на системот е со цел воведување на највисоките меѓународни безбедносни ПЦИ ДСС стандарди во работењето на картичниот систем на Банката.

Вака подобрениот систем е дел од мисијата на Стопанска банка АД – Скопје да биде лидер во воведување на технолошки напредни решенија во секој сегмент од своето работење и има за цел да ги поддржи постојано зголемениот број на трансакции, воведувањето на новите производи и услуги кои клиентите ги бараат како и да овозможи максимална заштита во картичното работење.-информираат од Стопанска банка.

OhridNews