Риболовната зона од регулациониот објект на ХЕЦ „Глобочица” во Струга, кој се наоѓа во близина на црквата „Света Петка“, до местото викано Дивљак ќе се издава под концесија за стопански риболов. Според јавниот повик кој го објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа риболовна зона се доделува на стопанисување за период од шест години.
-Заинтересираните правни лица кои сакаат да конкурураат на овој јавен повик треба да исполнуваат лични, технички и професионални услови за стопанисување и треба да достават соодветна документација. Критериум за избор на најповолната понуда е највисокиот понуден концесиски надоместок. Изборот за најповолна понуда ќе се изврши по пат на електронска аукција, пишува меѓудругото во јавниот повик кој беше објавен деновиве.
Минималниот износ на надоместокот за концесија за вршење стопански риболов на овој регулационен објект е утврден во ,,Риболовната основа за риболовната вода-Охридско Езеро’’ и изнесува 600.000 денари. Крајниот рок за поднесување на понудите за концесија е 17-ти март 2014 година до 12 часот.
OhridNews