По повод 15 годишнината од основањето, Детската Амбасада „За сите деца во Светот, со седиште во Прилеп, ова лето организира 3 летни кампови во Охрид за 100 деца од ранливите групи (деца без родители, деца од социјално ранливи категории семејства и деца истакнати членови на Детската Амбасада). 
Како и секоја година, основна цел на овие кампови е ресоцијализацијата за правилен психо-физички развој на децата од нашите целни групи, информираат од Детската Амбасада „За сите деца во Светот“. 
До оваа година во Охрид во организација на Детската Амбасада се реализирани многу кампови во кои учество имаат земено над 1000 деца.