Екипата на Стоук следната сезона ќе се натпреварува во чемпионшип, откако на домашен терен изгуби од Кристал Палас 2-1 и ја прокоцка последната прилика за опстанок во Премиер лигата.
„Потерси“ поведоа со 1-0 со погодокот на Џердан Шаќири, но во вториот дел не успеаја да го задржат водството и загубија 2-1. Стрелци на головите за гостите беа Џејмс Артур и Патрик ван Анхолт.
Стоук е втора екипа која се преселува еден ранг подолу, а претходно ВБА ги загуби сите шанси за опстанок во елитата.
OhridNews