Фудбалерите на Њукасл со 2-0 го совладаа Манчестер Сити и обезбедија пласман во 1/4 финалето од англискиот Капитал куп.
Дека ова ќе биде ноќ на „црно белите“ на „Етихад“ најави Роландо Аронс уште во 6-та погодувајќи за 1-0.
Во 76-та минута „страчките“ преку Муса Сисоко му зададоа уште еден удар на Сити, кој се покажа како пресуден.
„Граѓаните“ не се во најдобра форма, а викендов што доаѓа ги очекува градската пресметка со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
Резултати : Мен Сити – Њукасл 0-2, Стоук – Саутемтон 2-3, Тотенхем – Брајтон 2-0.
Мх.П.