Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ниту во деветтиот обид не успеа да замине со победа од „Сент Џејмс Парк“. Овој пат Мурињо на гостувањето во Њукасл минимален пораз (1-0) претрпе како менаџер на Манчестер Јунајтед. Човек на одлука беше Мет Ричи кој погодокот за победа го постигна во 65-та минута.

– Се бореа како животни, се надевам дека ќе ги прифатат моите зборови како комплимент. Боговите на фудбалот беа на нивна страна, додека нам ништо не ни одеше. Ги дадоа буквално своите животи да ја сочуваат мрежата и да победата, откако ја искористија нашата грешка во одбрана. – изјави Мурињо. 

„Специјалниот“, имаше замерка за офанзивните играчи кои не ги искористија своите прилики за погодок. – Уште десет часови да игравме немаше да дадеме погодок. Ни недостига убоитост и реализација кога ќе направиме шанса за погодок. 

Манчестер Јунајтед и покрај поразот остана на втората позиција, но Ливерпул со триумфот над Саутемптон дојде само на два бодови.

Њукасл сурово го казни Манчестер Јунајтед (видео)

OhridNews