Охридската Противпожарна служба доби странска донација која се состои од униформи, чизми и заштитни шлемови. Донацијата е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, овој пат со Противпожарни единици од Холандија и Англија.
– Благодарност до донаторите, целта е да поттикнеме потенцијални и идни донатори кои браат можност и имаат опрема која овде може да биде корисна. Очекувам дека локалната самоуправа и понатаму ќе соработува и ќе ги стимулира и мотивира потенцијалните донатори, со цел нашата противпожарна единица да биде ефикасна и навремено да интенвенира, изјави претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
Благодарност искажа и командирот на ПТТПЕ Охрид, Спасе Прентоски, кој изрази надеж дека во иднина ќе се реализираат донации во делот на доопремувањето со возила.
– Ова донација ги комплетира нашите потреби во делот на личната заштитна опрема на пожарникарите. Тие при интервенции прво треба да го заштитат сосптвениот живот за да можат безбедно да ги заштитат и материјалните добра и животи на граѓаните, рече Прентоски.
Градоначалникот Јован Стојаноски, најави поголеми буџетски средства наменети за потребите на Противпожарната единица.
– Секоја ваква донација е добредојдена, но ПТТПЕ и во иднина ќе добива поголеми средства и поддршка од нас како локална самоуправа. Во моментов работиме на разрешување на еден стар спор кој го имаме ние како локална самоуправа и Противпожарната единица, во врска со платите на вработените, а понатаму ќе се помага и со поголеми средства од буџетската програма која се издвојува за ПТТПЕ, изјави градоначалникот Стојаноски.
Неодамна охридската Противпожарна единица доби донација и од здружението „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн која се состоеше од десет душеци и десет ќебиња.
OhridNews











