При пад од возилото со кое бил во авантура на планината Галичица со повреди се здобил државјанин на Данска.
Незгодата се случила кај месноста Томорос. Интервенирала екипа на Планинската спасителна служба која за брзо време успешно го пронашла и извлекла повредното лице.
Тој е пренесен во болница каде му е констатирана скршеница на клучната коска и повреди по грбот. Повредите не се животозагрозувачки и лицето е во стабилна состојба.
OhridNews