
Против девојките кои биле затекнати во хотел, согласно законот за странци им е поднесена прекршочна пријава и им е изречена парична казна од 300 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од шест месеци до една година.
Странските државјанки во хотелот извесно време работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа.
Слична акција, беше реализирана и минатиот викенд во Кичево кога при контрола на угостителскиот објект „Стара централа“ со нелегален престој и нелегална работа биле затекнати две државјанки од Република Србија. По поднесената прекршочна пријава ним им е изречена парична казна и забрана за влез во Република Македонија за време од една година.
OhridNews












