
И покрај најавите од локалната самоуправа, годинава не се уреди соодветно место за паркирање на кампинг возилата.

Најавите беа дека за оваа цел ќе се искористи простор покрај рекреативната патека кон Инекс Горица каде беше предвидено да се изврши поставување клупи, да се поплочат патеки и да се направи паркинг за ваквите возила, а просторот да располага со потребните инсталации за вода, струја и канализација.











