
Како што се наведува во еден допис на вљубеник во Охрид до градските власти, јавното комунално претпријатие и надлежните државни институции, охриѓани и одговорните фактори мора да сфатат дека на туристите не им е важно дали за одржување на хигиената на плажите – крајбрежјето е одговорна локалната самоуправа или Министерството за транспорт и врски, затоа што негативниот впечаток кој тие го добиваат се однесува на градот Охрид. Оттаму сметаат тие, надлежните институции наместо да си ја префрлаат одговорноста едни на други, треба да поработат на подобрување на јавната чистота и на подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина.
-Џабе ви се сите природни убавини, културно -историски знаменитости, прекрасно езеро и големото гостопримство, кога крајбрежјето од Св. Наум до Далјан не ви е беспрекорно чисто, какво што мора да биде. Доколку планирате да развивате туризам морате да ги земете работите во свои раце и да ја светнете целата ривиера, а тоа туристите ќе знаат да го ценат и ќе шират позитивни впечатоци за Охрид во своите земји, им пишуваат преку интернет на охриѓани и на одговорните институции разочарани вљубеници во Охрид.












