Австрискиот скискокач Томас Моргенштерн имаше страотен пад на тренингот во Кулм. Моргштерн (27) ја изгуби контролата при летот и вртоглаво падна на патеката. Тој е вон животна опасност, но се здобил со тешки скршеници. 

Моргштерн непосредно пред турнејата “ 4 скокални“ имаше несреќа во која мина со мали повреди. На турнејата заврши втор зад сензационалниот победник Томас Дитхарт. Оваа повреда ќе го оддалечи Моргенштерн подолго време и најверојатно ќе ги пропушти Олимписките игри во Сочи.

Ohridnews